Хроника 03. јануари 2020. / 11:32

Неексплодирана тромблонска мина пронајдена во Тетово

Неексплодирана тромблонска мина пронајдена во Тетово

Х.И.(42) пријавил дека во атарот на тетовско Долно Седларце, во месноста „Стевчево“, вчера додека бил на лов, во нива забележал неексплодирана тромблонска мина, која била кородирана.

Извршен бил увид, а мината била подигната и транспортирана од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од МВР.