Хроника 16. мај 2018. / 11:57

Неексплодирана рачна бомба најдена во село Русиново

Неексплодирана рачна бомба најдена во село Русиново

На 15.05.2018 година во 8:00 часот во Полициска станица Берово, Б.С.(62) од село Русиново пријавил дека при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.