Хроника 04. јуни 2018. / 21:44

Неажурни институции оставија притвореник со вграден стент да лежи во затворот во Шуто Оризари

Неажурни институции оставија притвореник со вграден стент да лежи во затворот во Шуто Оризари

Поради неажурност на институциите, притвореник со вграден стент 2 недели лежи во затворот во Шуто Оризари зашто Клиниката и управата на затворот не можат да ја обезбедат медицинската документација за судот да го пушти од притвор.

На ден 15 мај на oсомничениот Басри Ибраими од Тетово му се слошило во затворот „Скопје“ каде ја издржува мерката притвор. Ден подоцна, откако лекарите му констатитрале срцево затнување на артеријата, на универзитетската Клиника за кардиологија му била извршена интервенција коронографија и му бил вграден стент.

Осомничениот бил згрижен на Клиниката каде заздравувал по интервенцијата. За таквата состојба биле известени судијата кај кого бил предметот и обвинителот од Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На ден 17 мај адвокатот на Ибраими доставил барање до судот да му се замени мерката притвор, иако судот треба да постапи по службена должност во таков случај.

На 18 мај кривичниот совет го испратил барањето за промена на мерката до предметниот обвинител за замената на мерката на мислење, но барањето било празно, без соодветна документација, која судот требало да ја прибави по службена должност преку затворската управа. Обвинителот го вратил барањето без да даде мислење со назнака да се обезбеди предметната здравствена документација.

До ден денешен затворската управа на КПУ „Скопје“ не ја обезбедила здраствената документација, со образложение дека Универзитетската клиника за кардиологија не сака да ја даде без да се наведат причините.

Осомничениот Ибраими го вратиле во затворот, каде ја издржува мерката притвор во постоперативна здраствена состојба и каде нема соодветни услови за нега.

Судот сè уште не решавал за барањето и ја чека здравствената документација да биде доставена од затворската управа која треба да ја подигне од Клиниката за кардиологија.