Хроника 29. јули 2020. / 14:45

Наум Бурназ не бил нападнат од ниту еден вработен во ,,Мар мар” – самиот предизвикал инцидент, пробувајќи да демолира!

Наум Бурназ не бил нападнат од ниту еден вработен во ,,Мар мар” – самиот предизвикал инцидент, пробувајќи да демолира!

По објавената вест дека доајенот на македонската опера, но и славен изведувач на македонски староградски и забавни мелодии, Наум Бурназ, бил претепан во угостителски објект во Охрид и исфрлен на улица.

Реагираа од ресторанот ,,Мар мар” од каде тврдат дека ниту еден од нивните вработени не го тепал Наум.  Туку Наум бил тој што физички ги нападнал. Реакцијата на ресторанот ,,Мар мар” ви ја пренесуваме во целост:

-Изминатите неколку часа се води неверојатна хајка против нас на социјалните мрежи поради инцидент со муштерија сличен денес.

Се наоѓаме за одговорни да разјасниме што всушност се случи денес, па вие оценете сами.

Најпрвин да напоменам дека целиот персонал на Мар Мар доаѓа на работа наназад 3 години, и во ниеден момент не се случил ниту сличен инцидент.

Господинот Наум Бурназ имаше порачка на скаа. Кога дојде да ја подигне својата нарачка носеше со него кеса полна пиперки. Побара да ги испечеме пичерките ,но бидејќи скарите беа преполни , културно се извинивме дека не се во можност да ги испечеме бидејќи приоритет има месото. Незадоволен од одговорот го повиши гласот, по што почна со пцовки и закани.

Останавме смирени и го игнориравме. Клетвите и пцовките продолжија, следеа закани дека он како бивш борач или боксер ќе донел луѓе да го демолираат објектот, тропаше со ногата по што ја извади влечалката од ногата и замавна на нас. Неумесно се спрепна и ја удри ногата од мала маса која ја користиме веднаш до фрижидерот.

Како што кажува протоколот , притиснавме паник тастер за обезбедување, бидејќи не ни е од корист да влегуваме во никаков конфликт. НАПОМЕНУВАМЕ , НИЕДЕН ОД ВРАБОТЕНИТЕ НА МАР МАР НЕМАШЕ НИКАКОВ ФИЗИЧКИ КОНТАКТ СО ГОСПОДИНОТ НАУМ, кој подоцна разбравме дека боледува од психичка болест.

Лицата од обезбедувањето дојдоа, и поради вознемиреноста на господинот веднаш повикаа полиција. Откако стасаа лицата од МВР, Наум беше одведен дома.

Она што се случуваше после инцидентот е куп закани од неговата фамилија по безбедноста на објектот и безбедноста на вработените на МАР МАР. Тоа е крајно неприфатливо и најверојатно ќе покренеме судска постапка за исправна завршница, стои во реакцијата на Мар Мар на Фејсбук.