Хроника 14. мај 2018. / 18:31

Наставникот што удри ученик на час ќе одговара за малтретирање во вршење на служба

Наставникот што удри ученик на час ќе одговара за малтретирање во вршење на служба

Кривична пријава заработи наставникот кој удри ученик на час во основно училиште. СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Б. (56) од с. Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата”.

Настанот за кој е поднесена кривичната пријава се случил кон средината на март, годинава. Тогаш околу 11.00 часот во основното училиште во с. Желино, тетовско, пријавениот, кој е наставник во училиштето, за време на час удрил еден ученик по задниот дел од главата, при што тој удрил во клупата и му бил скршен заб.