Хроника 19. ноември 2018. / 16:32

Насилник се заканувал со нож во скопско казино

Насилник се заканувал со нож во скопско казино

Двајца мажи почнале расправија што кулминирала кога едниот од нив извадил нож и почнал да се заканува.

Како што соопшти МВР, настанот се случил еден час пред полноќ во скопско казино.

-На 18.11.2018 година во 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улицата Иван Козарев во Скопје дошло до расправија помеѓу А.Ш. (29) од Штип и С.Ц. (23) од Скопје по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц.- се вели во полицискиот билтен за овој случај.

Веднаш биле преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и 29-годишниот маж бил приведен.