Хроника 22. јуни 2018. / 15:09

Насилници претепале и ограбиле скопјанец, па го оставиле на автопат

Насилници претепале и ограбиле скопјанец, па го оставиле на автопат

Вчера во 12.50 часот во Полициската станица Гостивар, Ф.И. (50) од Скопје пријавил дека пред два дена околу 22.20 часот на автопатот Тетово-Скопје лицата Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице извршиле разбојништво над него.

На предлог на трите лица, Ф.И. патувал со нивно возило до Скопје. После наплатната станица, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото, лицата физички го нападнале Ф.И., по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи. После тоа, го оставиле и си заминале со возилото.

Во 17.45 часот, од страна на Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во врска со настанот било приведено лицето Ш.Ѓ. (23) од Прилеп, со живеалиште во Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица.