Хроника 21. март 2019. / 20:23

Нашол банкарска картичка и ја испразнил преку интернет

Нашол банкарска картичка и ја испразнил преку интернет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(21) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и  „затајување“.

На 28.08.2018 на банкомат во Кичево пријавениот пронашол банкарска картичка на име на С.М. од Кичево, по што истиот ден и на 29.08.2018 година, преку интернет страница, во седум наврати, извршил трансакции во износ од 31.405 денари.