Хроника 01. ноември 2019. / 16:35

Направиле судар по што полицијата ги открила мигрантите што ги превезувале

Направиле судар по што полицијата ги открила мигрантите што ги превезувале

Две лица, коишто во товорно возило превезувале мигранти, направиле судар по што полицијата ги открила мигрантите.

Сообраќајката се случила на 31 октомври во 22часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај тунел во близина на Демир Капија, помеѓу патничко возило „ауди“ и товарно моторно возило „волво“, управувано од Г.С. (35) од Битола.

Полициски службеници излегле на местото на незгодата и во непосредна близина пронашле 14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, кои изјавиле дека се превезувале со товарното моторно возило, а по незгодата возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот.

Во незгодата, двајца мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицински центар Кавадарци за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.