Хроника 11. април 2018. / 13:30

Нападната медицинска сестра во Шуто Оризари

Нападната медицинска сестра во Шуто Оризари

Поради наод од преглед, медицинска сестра вчера била нападната во амбулантата во Шуто Оризари.

Како што информираат од полицијата, кај нив во 12:30 часот било пријавено дека во ходникот на амбулантата медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33).

-Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З. и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на настанот.