На 25.03.2019 во 14.08 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(31) од Скопје, вработен во ЕВН, пријавил дека во бурекчилница на улица „Иван Хаџиниколов“ во Скопје, додека извршувале работни задачи со колегата С.Ц., сопственикот на објектот М.С. им упатувал закани, по што го оштетил службеното возило „Фиат Дабло“.
М.С. бил приведен во Полициската станица Драчево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.