Хроника 09. мај 2018. / 17:15

Нападнат тинејџер: Му одземале ланче, телефон и пари

Нападнат тинејџер: Му одземале ланче, телефон и пари

Вчеравечер околу 22 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Б.Б. (18) пријавил дека истиот ден околу 19.00 часот, на улицата „Руѓер Бошковиќ“, општина Карпош, од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво.

Имено додека седел на клупа во парк му се приближиле лицата и едното од нив со употреба на физичка сила, му го скинало златното ланче по што му го одзеле мобилниот телефон и 1.500 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.