Хроника 21. јануари 2021. / 16:33

Нападнат полициски службеник на Бит Пазар, уапсени двајца скопјани

Нападнат полициски службеник на Бит Пазар, уапсени двајца скопјани

Уапсени се две лица од Скопје од кои едниот бил агресивен, а другиот физички нападнал полициски службеник.

Вчера околу 22,20 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода А.А.(21) и Ш.А.(22) двајцата од Скопје, бидејќи едното од лицата агресивно се однесувало, додека другото физички нападнало полициски службеник при вршење на службени дејствија, соопштуваат од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.