Хроника 02. септември 2018. / 16:42

Нападнат е вработен во Поликлиниката ,,Ѓорче Петров”

Нападнат е вработен во Поликлиниката  ,,Ѓорче Петров”

Вчера околу 14.15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.А. (52) од Скопје, вработен како обезбедување во Поликлиниката-Ѓорче Петров, пријавил дека додека извршувал службени задачи го забележал лицето С.Б.(41) од Скопје надвор пред Поликлиниката како недолично се однесувал.

Откако С.Б бил предупреден за недоличното однесување, тој влегол внатре, и по кратко време физички го нападнал пријавителот по што го напуштил местото на настанот.

Поради здобиените повреди, пријавителот се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“.