Основното јавно обвинителство Кавадарци побара парични казни во висина до 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од 20 евра во денарска потиввредност, за шест лица, жители на Неготино, информираат од ОЈО Кавадарци.
Овие обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република С. Македонија, па без дозвола се движеле низ Неготино.