Му ветил дека ќе му даде дрва за 15.000 денари па го измамил, маж од Кочани остана и брз дрва и без пари.
Во 12.00 часот во Полициската станица Кочани, 66-годишниот Д.П. од Кочани пријавил дека околу 11 часот на улицата „Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измамен од едно лице при купување на дрва. Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри кубни огревни дрва, доколку веднаш му плати 7.500 денари, а другите подоцна.
Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило.
Се работи на расчистување на случајот.