Хроника 19. август 2020. / 10:30

Над 400 казни за неносење маска во изминатото деноноќие

Над 400 казни за неносење маска во изминатото деноноќие

За неносење лична заштита на лице регистрирани се 429 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република С. Македонија.

До граѓаните од Министерството за внатрешни работи апелираат да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.