Хроника 07. октомври 2018. / 15:18

Над 30 возачи синоќа возеле пијани во Скопје

Над 30 возачи синоќа возеле пијани во Скопје

Сообраќајната полиција на СВР Скопје измината ноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и фатила 33 пијани возачи.

Во акцијата биле контролирани вкупно 180 возачи. Кај 33 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта, а еден возач одбил да биде алкотестиран

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки.

Од сообраќај биле исклучени 34 возачи, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.