Хроника 10. септември 2018. / 14:06

На улица во Гостивар е пронајден мртов маж

На улица во Гостивар е пронајден мртов маж

Десетина минути по полноќ, на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар пронајден 67-годишниот гостиварец Ќ.К, кој не давал знаци на живот, а на чие безживотно тело немало видливи повреди.

Со медицинско возило, починатиот Ќ.К. пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Извршен е увид и телото на починатиот ќе им биде предадено на најблиските.