Хроника 25. април 2019. / 15:50

На улица „Јордан Мијалков“ излета автомобил и удрил во бандера

На улица „Јордан Мијалков“ излета автомобил и удрил во бандера

На улица „Јордан Мијалков“ во Скопје, утрово во 3 часот патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од Делчево, излетало од коловозот и удрило во бандера.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.