Хроника 15. февруари 2019. / 18:28

На тешко повредената девојка ампутирана и е ногата

На тешко повредената девојка ампутирана и е ногата

По консултацијата на лекарскиот конзулиум, ампутирана и е ногата на 20-годишната девојка која во животнозагрозувачка состојба беше примена во болницата „8 Септември“ по трагичната автобуска несреќа.

Во болницата шест пациенти се и натаму во тешка состојба, од кои четворица на КАРИЛ со тешки повреди на абдомен и глава. Хоспитализирани се уште 28 повредени, а 6 се пуштени на домашно лекување.

Ноќеска биле оперирани-15 годишно момче и 40 годишен повреден. На клиниката двјаца се на респираторни машини со повреди на главата.

Во автобуската несреќа што се случи пред два дена кај Ласкарци загинаа 14 патници. Вчера заврши идентификацијата на загинатите.