Хроника 13. октомври 2018. / 17:19

На скопјанец му изгореа 16 возила

На скопјанец му изгореа 16 возила

Во текот на вчерашниот ден во 14:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гаврил Константиновиќ“, во нивата позади куќите гори сува трева и се доближува до куќите, информираат од МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Со пожарот била зафатена сува трева и 16 хаварисани возила сопственост на В.Д.(33) од Скопје.

Сопственикот не сакал да пријави штета бидејќи станува збор за стари и хаварисани возила.