Хроника 06. јуни 2018. / 15:06

На штипјанец му го украле автомобилот додека ставал гориво – полицијата му го вратила

На штипјанец му го украле автомобилот додека ставал гориво – полицијата му го вратила

Во полицијата во Штип, 28-годишниот Ј.Д. од Штип пријавил дека околу 14 часот откако на бензиска пумпа во Штип ставал гориво, од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило „Опел Астра“.

Сторителот користејќи згодна прилика со клучот кој бил на бравата, го ставил возилото во погон и заминал во непознат правец. По преземени мерки околу 14.50 часот на место викано .„Ѓубриште“ во Велес од страна на полициски службници од Д.Т.(41) од Радовиш е одземено возилото и истото е вратено на пријавителот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.