Хроника 07. септември 2018. / 18:08

На регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица изгоре шлепер натоварен со боци метан

На регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица изгоре шлепер натоварен со боци метан

Попладнево се запали камион на регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица.

Неофицијално пожарот настанал во кабината на камионот „волво“ кој превезувал боци со метан.

Локалните пожарникари кои пристигнале на местото на несреќата успеале да го изгаснат огнот во кабината и да спречат поголема катастрофа.

Имено, огнот не ги зафатил боците кои се превезувале на шлеперот, а возачката кабина е целосно уништена.

Нема информации за повредени или жртви во несекојдневната случка на оваа делница, како и за причините поради кои се запалил камионот.

Фотографиите ги испрати читател на сајтот на ТВ Сител.