Хроника 30. август 2018. / 10:57

На прилепчанец му се слошило додека стоел на брегот на Охридското езеро и починал

На прилепчанец му се слошило додека стоел на брегот на Охридското езеро и починал

Прилепчанец починал вчера околу 10:30 часот откако му се слошило додека стоел непосредно до брегот на Охридското Езеро.

Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а од присутните граѓани бил изваден и му била укажана помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на несреќата.