Хроника 28. август 2018. / 14:52

На прилепчанец му го украле ранецот – во него имал 8,8 милиони денари

Прилепчанец пријавил во полиција дека тројца разбојници му го украле ранецот во кој имал 8,8 милиони денари.

Според информациите од МВР, вчера во Струга во 14,20 часот 26-годишниот Д.З. од Прилеп пријавил дека на улицата Битолски конгрес физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со солзавец и му го земале ранецот.

Според пријавата, во него имало 8.800.000 денари.