Утринава во Полициска станица Прилеп, А.К.(27) од Прилеп пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Сашо Китаноски“ едно лице со запалива течност го запалило предниот дел од неговото патничко возило марка „бмв Х-5“, со прилепски регистарски ознаки.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот е изгаснат.
Се преземаат мерки за рачистување на случајот.