Хроника 22. септември 2019. / 16:30

На патот Охрид-Кичево две лица се тешко повредени

На патот Охрид-Кичево две лица се тешко повредени

На 22.09.2019 во 02:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, С.В.(60) од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.