На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми, соопштија од МВР.
На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додават оттаму.