Хроника 23. февруари 2020. / 21:59

На Карил почина уште една жртва од експлозијата во Романовце

На Карил почина уште една жртва од експлозијата во Романовце

Шеесетгодишен маж кој беше сместен на КАРИЛ им подлегна на повредите соопштија вечерва за Канал 5 од Ургентниот центар во Скопје.

Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која што претпладнево загинаа и три деца. Уште шестмина членови на семејството се повредени и се згрижени на скопските клиники..

Уште тројца се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници.. Двајца од шестмината се сместени на КАРИЛ, двајца на пластична хирургија, а неизвесна е состојбата и на четириесетгодишна жена и десетгодишното дете, кои се хоспитализирани во старата градска болница „Св.Наум Охридски“, каде е примена и 20-годишна бремена жена..

Трагедијата се случи околу 10 часот, кога ексолодирала плинска боца, по што настанал и пожар.. Несреќните деца биле на возраст од 8, 9 и 11 години..