Вчера полицијата на граничниот премин Табановце, на влез во Македонија, приведени биле Н.Ж (39), државјанин на Србија и С.Е. (42) и С.Х. (40), двајцата државјани на Турција.
Тројцата најпрво се чукнале со возилата по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.