Вчера во 09,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 49- годишниот маж.
Имено 49- годишниот В.Ш од село Мала Речица, на улицата „Дижонска“, од страна на две непознати лица бил удрен со пиштол во пределот на главата.
Од страна на лекар констатирана му била тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.