Полициски службеници на СВР Тетово вчера во околу 13 часот го уапсиле 50-годишниот А.Б. од долнореканското село Јанче, полициски службеник во станицата „Стрезимир“. Тој е осомничен за злоупотребил службената должност.
Според пријавеното, во саботата околу 16.20 часот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н. (61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра.