На булеварот „Св.Климент Охридски“ во близина на Влада, вчера во 15:17 часот, патничко моторно возило „хјундаи“ со дипломатски ознаки, управувано од Н.Г. (54) удрило во Х.А., полициски службеник, информираат од МВР.
Х.А е пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.