Хроника 28. април 2020. / 10:53

МВР: Полицискиот час не го почитувале 42 лица, од нив приведени се 32

МВР: Полицискиот час не го почитувале 42 лица, од нив приведени се 32

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава вкупно 42 лица не го почитувале полицискиот час, а од нив 32 се приведени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, инфомираат од МВР.