Хроника 11. јули 2020. / 19:03

МВР на неколку локации го бара екс-претседателот на Кривичен суд

МВР на неколку локации го бара екс-претседателот на Кривичен суд

Полицијата на повеќе локации трага по поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Полицијата трага по него, откако по судска наредба за приведување не го пронашле во неговиот дом.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.