Хроника 02. јануари 2019. / 14:33

МВР го уапси убиецот од Кичево

МВР го уапси убиецот од Кичево

МВР го уапси 47-годишниот Х.Ј. од гостиварското село Ќафа под сомнение за кривично дело „убиство“.

Х.Ј. делото го сторил на 29 минатиот месец околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож го избодел М.С.(64) сопственик на објектот.

Уапсениот е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.