Хроника 03. јули 2020. / 16:53

Муштерија тепал вработени во маркет во Кочани – побарале да носи заштитна маска

Муштерија тепал вработени во маркет во Кочани – побарале да носи заштитна маска

Муштерија нападнал вработени во маркет во КочаниНадворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 28 април пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.