Продавачка во маркет во Карпош била нападната од муштерија кој се сопнал на пакет со производи. Откако се сопнал и паднал, тој и се нафрлил на вработената, па откако тргнал кон неа со навреди и закани, потоа и физички ја нападнал.
Вработените, но и други купувачи кој во моментот биле присутни во маркетот, се обиделе да ја смират ситуацијата и одбранат продавачката, но безуспешно. По инцидентот, вработените во продавницата повикале обезбедување кои насилникот го затекнале во маркетот. Муштеријата се уште бил агресивен, па обезбедувањето го отстранило од објектот, по што била повикана и полиција.