Хроника 18. ноември 2018. / 10:55

Му се запалил автомобилот додека возел: Охриѓанец со тешки изгореници завршил во болница

Му се запалил автомобилот додека возел: Охриѓанец со тешки изгореници завршил во болница

Синоќа околу 22,30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење, Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид.

Извршен увид на местото на настанот.