Денеска во Полициската станица Аеродром, Љ.Х.Д. (72) од Скопје пријавил дека околу 2 часот од страна на непознат сторител запалена му била живата ограда од семејната куќа и со камен искршено прозорско стакло од дневната соба.
Повредени лица нема, а пожарот сам го изгаснал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.