Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера околу 12 часот, Е.М.(39) од Скопје пријавил дека пред два дена на улица Тодор Александров во подземна заедничка гаража од зграда од страна на непознат сторител му бил одземен мотоцикл „јамаха х макс 400“.
Сторителот на непознат начин го стартувал мотоциклот по што го напуштил местото. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.