Хроника 21. април 2018. / 09:55

Мртво тело пронајдено на паркинг во Аеродром

Мртво тело пронајдено на паркинг во Аеродром

Вчера вечерта кај поликлиниката Јане Сандански пронајдено е мртво тело на паркингот пред зградите во Аеродром, објави порталот „Макпрес.мк“.

Како што пишува порталот се работи за женско тело, но сеуште нема официјални информации од МВР за настанот и за тоа дали се работи за убиство, самоубиство или природна смрт.