Хроника 02. ноември 2019. / 22:19

Мртвата жена извадена од Вардар во Скопје е родена во 1951 година

Мртвата жена извадена од Вардар во Скопје е родена во 1951 година

Безживотно тело на жена денеска било извадено од водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица во Скопје.

Од МВР за МИА потврдија дека се работи за повозрасна жена, родена 1951 година. Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.

Жената, како што објавија некои медиуми, не била пријавена за исчезната и кај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.