Починато лице било пронајдено вчера околу пладне во атар на село Севендекли, дојранско, на место викано „Ѓољџик“.
-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето Г.Д.(73) од с.Собри. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.