Битолчанецот Р.П. (57) вчера околу 09:55 часот бил пронајден починат на улица „Климент Охридски“ во Битола.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош била константирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен е увид на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.