Во три одделни сообраќајни незгоди настрадале двајца пешаци, а и еден моторџија.
Во понеделникот, во 8 часот на крстосницата од улица „Франклин Рузвелт” и улица „Орце Николов”, С.С.(27) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „хонда сивик” со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Д.С.(41) од Скопје. По незгодата, Д.С. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Истиот ден, во 15.35 часот во Скопје, на крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ и улица „Сремски фронт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.В.(72) од Скопје и моторцикл „јамаха“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(26) од Скопје.
По незгодата Р.Ч. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Во 14.10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На А.Р. во ПЗУ „Аџибадем Систина“ му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.