Хроника 14. јули 2020. / 15:54

Моторциклист загина по судар со скопско „Aуди

Моторциклист загина по судар со скопско „Aуди

Моторциклист загинал во сообраќајна несреќа која што се случила синоќа во тетовско откако се судрил со возило со скопски регистарски таблички. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на локалниот пат с.Палатица-с. Желино, при судир помеѓу патничко возило „Aуди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) од Желино, тетовско и мотоцикл „Jамаха” без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33) од с. Палатица.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. e лишен од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.