Утринава околу 01 часот и 20 минути било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај место викано Кантурски рид, мотоцикл со регистарска ознака од Македонска Каменица, управуван од 28- годишниот А.С од Македонска Каменица, удрил во пешакот 37- годишниот А.З од Македонска Каменица.
Од МВР велат дека во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.