Хроника 17. March 2019. / 17:58

Мотоциклист загина во судир со автомобил

Мотоциклист загина во судир со автомобил

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток. Од СВР Тетово соопштија дека судирот се случил меѓу автомобил „Ауди” со госиварски регистарски ознаки, што бил управуван од лицето М.З (62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки”, што го управувал З. З. (21).

Во несреќата, мотоциклистот од задобиените повреди починал на самото место. Во моментов јавен обвинител со увидна екипа вриш увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатиот месец беа регистрирани 10 собраќајни несреќи, што споредно со лани е за двојно помалку. Во нив, нема загинати и тешко повредени, додека пет лица се задобиле со телесни повреди (двајца возачи, исто толку сопатници и еден пешак).